сака (гл.) - онака (прил.)

Мислев дека и татко ми нема веќе никогаш да можам да го сакам онака како порано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И бидејќи нема да можам да му дадам живот каков што заслужува, живот каков што јас сум должна да дадам затоа што таков ми бил даден мене, најдобро е да не му дадам никаков живот, а својот да си го одземам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Не би можела да го одгледам онака како што ти нѐ одгледа Херман и мене,“ ѝ пишуваше на својата мајка, „не би можела да го сакам онака како што ти нѐ сакаше нас, ниту да се жртвувам за него, како што ти се жртвуваше за нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)