сака (гл.) - сѐ (прил.)

Но, сепак, среќен сум што си избрала погрешна личност, зашто ако тоа не беше така, сега не ќе наздравував со жената која ја сакав и ќе ја сакам сѐ додека за навек не затворам очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седнав на една клупа, а ти спроти мене, блед и уморен, но сакаше сѐ да видиш, да го живееш секој момент.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Такви се сегашните деца. Сакаат сѐ да разберат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега, ако сакаше сѐ да се сврши добро, мораше тој да го види прв.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Презафатен сум, ми говореше а јас сакав сѐ и знаев сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаш сѐ наеднаш да заборавиш, ама не се може.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам, - рече Змејко, како што би му рекол секому. Сакаше сѐ да сведе на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)