сака (гл.) - токму (прил.)

Сакаше да пронајде богата жена која ќе го сака токму таков каков што е и среќно би го поминала времето до крајот на неговиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Леон пак кај неа ги сакаше токму нејзината склоност кон фантазирања што толку недостасуваше во неговото семејство, светло-русата коса, правилниот мал нос, нејзиниот среден германски изглед. И нејзиното тело.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше јасно дека во тие мигови не можев да се повинувам на дисциплината што ја исполнуваше Ема со својата наивна и едноставна игра со која ме заведуваше, но, кога ѝ ги ставив дланките на раменици и силно ја повлеков кон себе, кога помислив дека целото тело ѝ е наврено на мене, или дека целиот сум во неа, почувствував дека токму тогаш таа ја сфати смислата на играта и, конечно, го направи тоа што ѝ личеше на жена која вистински го сака токму тоа: се сврте кон мене, ме гушна, ми ги апеше усните, првин горната, па долната, повремено навлажнувајќи ги со врвот на јазикот, а потоа силно ме загриза на вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој едноставно беше нетрпелив зашто сакаше токму оние што му беа најблиски нему да бидат и најдобрите меѓу луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)