сака (гл.) - не (чест.)

Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тенка линија И да сакам не можам денот да го носам со недоумица..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мислам оти лубениците пукаа кога ќе се преполнеа со смеа, па ти сакаш верувај сакаш не верувај“, беше заклучокот на дедо ми во врска со неговите искуства од ноќевањата на бостанот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Она што го сакавме не беше Некаде зад виножитото („Somewhere over the Rainbow“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И да сакам не можам, вели, на стар човек — стара е секоја облека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не ти давам, му велам, таа ракија до оваа пропаст те доведе и не ти давам, Сакаш лути ми се, сакаш не, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)