сака (гл.) - нека (чест.)

- Кога не е прав, ако сака нека е син и на султанот! - горделиво рече Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Утре уште рано ќе појде кај Сотка и ќе го моли да му ја продаде сликата, па колку сака нека му натплати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува скапо платената своја слобода без ничија помош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, што, Митре... Да чиниме абер ноќеска во Маково, та што сака нека праве Толе најпосле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кому не му чини, ене му и патишчата на сете четири страни, џенем ако сакаат нека ватат! — остро одговори Толе и си ја продолжи својата арамиска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако не нѐ изгоре Толе — Паша ќе нѐ изгоре Бахтијарпаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Паша — каша — матла, кој сака нека се крева, Работата е скроена и ние сега сите ќе ги наманеме долу маковско.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој ти е дома? — А бре, влегувај! Кој сака нека биде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој сака, каде сака нека оди, нам местото ни е меѓу нашиот народ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Распратија понекој од селаните со задача да проверат што има — што нема по селата, но овие се враќаа со извештаи дека ништо особено ни виделе, ни чуле, освен трагите од зимошните зулуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако сака нека те загледува, ако нејќе - уште подобро. Чевли и така нема да ти купи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Узбуна. Пожар. Потоп. Што сака нека биде тој ќе си го искаже она што е во него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе му дадам, си реков, па што сака нека биде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но и во дуќанот Зојчески освен калфите не најде никого друг, па сиот очаен и помислувајќи си да се врати на ан кај Богатина, си рече Што сака нека биде и само што го пречекори прагот на дуќанот, оттаму од кај Богатиновци се зададоа заптиите, а по нив и Богатин и цела сурија народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака, сега кој сака нека дојде.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе го разбудам, ќе го разбудам па што сака нека ми прави, мене нека ме отепа. (Потрчува да влезе кај Анѓелета, но во тоа време Митре влегува со брзи чекори и со секирата во раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Можеби требаше до крај да останам упорна во својот отпор кон Вера и да не ѝ дозволам на таа туѓа жена да заземе такво место во нашиот живот со Ели, а татко ми како сака нека постапува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кој како сака нека рече, нека мисли и нека прави против мене.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Бугарија не го направи ни едното ни другото: не го направи првото, зашто Бугарите се сметкаџии и се готови да си ја земат Македонија ако им ја подари некој, а инаку – ако сака нека биде запустена.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Дај луѓе. Дај ги, па ако сакаат нека крадат. Дај ги нив па ако сакаат нека чинат сѐ, што можат, сѐ, што е нивно. Дај, барем еден од нив. О, дај...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама не се трпи, не се трае. Ќе се оди. Што сака нека биде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ќе правиме сега? Кој сака нека се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што сака нека ми направи, ќе одам на меана. Сигурно пак таму клинчи, се кости, да се раскости. Ракијата главата ќе му ја земе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да го види големиот дукат одблизу, после ако сака нека умре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој сака нека дојде јас одовде не мрднувам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Нарачал, вели ќерка му, нека се врати, та коа сака нека а зима.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коа таа шо велела: „ако е куска — нека е новка“ и јас — какво сака нека биде, лели е новко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Аха!“ — си рече. — „Значи се кандисал коа сака нека биде, само да се врата. Убаво, убаво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, нели во наше Мариово жените се к'т, едвај чекаа мариовците да се жугне некаде оти има женска пола за давање — како сака нека биде! Макар ќора, крива, саката ... Па дури и немата Петкана Арапова се омажи за Трајка Рошајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, знајш шо? Дајте ошче некоа да завлечкам татки, та каква сака нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, му скрои, златна Доле. Му скрои нешчо, токо зар толку убаво како чорбаџичките! Му скрои, Ристе ми донесе басмичка од Прилеп, затули тамо едно вурдуче, како сака нека биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој што сака нека си зборува, свадбарите си ја тераат свадбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали машко, дали женско, дали куче или маче, што сака нека биде, живо, мртво, само од болки и маки да се опаси.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па како да се поутеши и си вели: „Шо сака нека носе, најпосле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па, ако сака нека не ме вика, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сповојница ќе се збира утре ... па шо сака нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ме има за челад, сполај му, белки не ќе ме забораве и тука! Mope, ќе си издутна ошче едно машко, та шо сака нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, колку за потурчување, кажи му на твојот добар кадија дека робинката Анѓа главата ќе ја даде, ама верата не си ја менува; што сака нека прави. – Што вели, Ајшо? – тоа беше секојдневното прашање што и го поставуваше кадијата на Ајша уште од прагот на вратата кога си идеше од работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кој сака нека плаче и нека се жали, јас ќе слушам и ќе бидам јунак и ќе станам кадија – цврсто се реши Ангеле да не плаче и да слуша што ќе му заповеда кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ај, на име Божје, ќе им се јавам, да како сака нека биде; и така јас сум загубен и така“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не! Не можам, па што сака нека биде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Изутрината истата Маци си лежеше во скутот на свекрва ми и си предеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Готова бев да се карам и да почнам да викам дека јас не ја згазнав мачката, туку дека таа прво ме гризна, па што сака нека е со мене и со Дино и со киријата и со станот, но во тој миг влета Дино со шпиритус и со завои и ме фати за рака да седнеме на каучот да ми помогне да ја исчистам раната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Што сака нека биде, велам, нели чекаме да нѐ стрелаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти сум чула кај вели: само еднаш да поминам по Црвениот плоштад и после од кај сакаат нека ми ја извадат душата. Толку пребргнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што сака нека биде, желбата што го носи е поголема од дебелината на снегот, посилна од гладот, од свирењето на северецот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Колоната - сега се лизга прудолу, што побрзо мора да стигне до првите борови - да влезе во шумата, да јa снема во неа, да биде невидлива, а потоа ако сака нека кружи проклетото што долетува од Рупишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
“Ние ќе си поминеме убаво, си велат, а после нас како сака нека биде!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Реши да се качи на тврдината, па што сака нека биде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што сака нека прави, си помислив налутено, негова беше идејата да го шетаме Бак, не беше моја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој да си ми фаќала во албумите! – викна Саше по мене, ама не му одговорив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Да створам доволно злато, - си мислеше, - па после што сака нека биде“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)