сведочи (гл.) - дека (сврз.)

Сè што гледаме околу нас сведочи дека умот и телото се многу поблиски во секојдневниот живот, за добро и за зло, отколку што нашата научна ум - тело реалност нè наведува да мислиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Папата Јован-Павле II на крајот сведочи дека помеѓу идеолошкиот Бог и вистинскиот Бог, не се поставувало никогаш прашањето на победникот, за да им се обрати на Албанците со зборовите: „Историјата уште не знае што се случило во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Моето кажување единствено сведочи дека дури и светот на најочигледната стварност е таинствен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Археолошките наоди од овој период сведочат дека македонската култура се развивала под силно влијание на малоазиската, дунавската, како и културите од Северна и Централна Европа и Медитеранот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Татко, галебите беа тука, како и јагулите во Езерото, да сведочат дека излезот постои, а за Мајка дека тие ја следат во лет божјата заповед, како што тоа го чинеа јагулите на својот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
г). Црна, студена и бистра како твојот поглед сведочи дека законитостите на дијалектиката се очевидни или сакам да кажам твоите очи ги објаснуваат моите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе заради мојата “зависност од музиката” не можам (и не сакам) да тврдам дека написот што следи е нешто повеќе од субјективен поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најверојатно без многу ризик можеме да тврдиме дека денес популарната музика со своите карактеристики е некаков основен модел на современата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)