светне (гл.) - око (имн.)

На анџијата му светнаа очите, се разбуди: во раката на Пандета заискрија бели меџидии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ќе имаме гости, - му рече на Бојана кога овој вечерта се врати од скитањето. - Гости? Какви? - му светнаа очите на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На зборот замок повторно им светнаа очите на Ружа, Ана, Јордан и Неда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му светнаа очите на берберчето. Рече: - Одлично! Еден збор, две значења.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На самата асоцијација наследство во ист миг светнаа очите на трите жени: мајката, снаата и сестрата на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)