светнува (гл.) - во (предл.)

Докторот му ги отвора очите, му накапува од оние капки за ширење на зениците и по десеттина минути му светнува во нив... и, батеријата не работи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Умната и убава Пела треба и други работи да научи му светнува во главата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Треба да му ја исперам кошулата“, ѝ светнува во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Жртвата, му светнува во главата, е поим и збор во кој се состои целата историја на Јудејците”.  Пред очите му се појавува хоризонтот на Канаан, ветената земја на која по изгонот од Египет, гледа како и толкупати во својата фантазија, како пристигаат најнапред неколкумина, по нив десетици, потоа и илјадници луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Излегувам надвор и пред да ја дувнам, нешто ми светнува во главата: гледам на училницата отворен прозорец.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)