свикне (гл.) - со (предл.)

Сиромашен студент, свикнат со секидневно мизерување, тој почна да ги сеќава благата на животот баш преку шахот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отпрвин се лутеше, грубо им се закануваше. Потоа свикна со нивната упорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Очевидно е дека штотуку се разбудил, ги протрива очите и се обидува да свикне со полумракот во собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, јас сум свикнал со него и затоа ми е тешко да се разделам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Ги казнувате дрските?“ И додава: „Потребно е да свикнете со можноста робот да си го побара она што сте му го одзеле. Тоа го велите дрзост?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се беше свикнал со моето редовно добро учење и тоа прашање скоро го поставуваше по навика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)