свитка (гл.) - во (предл.)

И мислат на овој непознат маж, кој сега лежи ничкум свиткан во трапот и се прашуваат зошто ли толку упорно и страстно тој посакал да влезе во душата на старичката и зошто толку многу посакал да ги почувствува сите нејзини некогашни радости и да јa разбере нејзината болка, кога тука, наоколу, толку свирепо надвладеа омразата?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше тоа парче хартија свиткано во квадратче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го свитка во ролна купчето хартија што го заврши и го спушти во пневматската цевка. Поминаа осум минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Возбудено се свиткав во центарот на собната коцка, во која, освен за начкртана хартија, повеќе немаше друго за што да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Така смрзнати, ослепени, луѓето имаа само едно утешение: да се сокријат во најдлабоката одаја на својот дом, да се свиткаат во најдлабокаа ќелија на своето тело и да спијат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Конечно таа ја подаде раката и таму, на нејзината мека дланка, која на сончевата светлина блескаше како предено злато, имаше прамен коса свиткан во топка, како кожурец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали од проветрениот воздух или од долгото седење, свиткани во колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но само така им се причинило на луѓето во засолништата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој, јавачот, сѐ уште свиткан во појасот и со стиснати коленици на шарените коњски ребра, извлекол од канија, невидлива од темната боја на беневреците, крива сабја што под удар на сонцето се распрснувала во зраци и, кревајќи ја високо, се исправил, се протегнал со една рака, со сета тежина се потпрел на зенгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)