сврти (гл.) - глава (имн.)

Јован сврти глава со чудење. „Затоа“, вели, „онолку широко место си спремил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неколкумина ги свртија главите натаму и пак ги исправија, гледајќи во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој не крена поглед. Тресејќи ги дланките, ја сврти главата во правецот каде што паѓаа капките вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ако некогаш се случи да се сретнеме и да се видиме живи, пресреќен ќе бидам ако некој од овие - што како свои деца сум ги сакал - не ја свртат главата на друга страна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му дала јаболко, а тој ја свртел главата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој ја сврте главата и се зачуди кога го виде до себеси испиениот дајреџија со искрпено старо џубе и маслосана, од обична овча кожа сошиена капа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но Марче остана да седи на подвиените колена, само се фати со раката за срцето, па за увцето („Уф, што ме уплаши!”), а потоа не ја ни сврте главата за осорно да го праша: - Од каде ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На сенката ѝ се стори дека е слободна.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој се разбуди и ја сврте главата кон мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа се сврте кон Рајнер. Рајнер стана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега за првпат ги кажувам гласно,“ рече, ја сврте главата кон напукнатото огледало на ѕидот и му се поднасмевна на својот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена не одев кај Рајнер, а потоа, кога се видовме, тој ми рече: “Не си смеела да се обидеш да разговараш со неа.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја забележа неподвижноста на мојот поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Легнав на креветот, ја свртев главата кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги минував тие денови во некаква збунетост над сознанието дека не можам да почувствувам болка; како заедно со плодот од мене да беше изваден и оној дел од мојата душа кој можеше да страда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја свртев главата кон ѕидот, кон крвавата трага, а тој побрза да излезе од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја свртев главата кон ѕидот. На него видов трага од крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па така, кога тој одеднаш ја сврте главата и се најде лице в лице со неа, таа сè уште концентрирано го следеше ритамот на музиката по која се движеа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаше да ја сврти главата и да се истргне од раката, оти за секунда помисли дека тој, сега на само десет сантиметри од нејзиното лице, ќе ја бакне право в уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ќе ти пушти, а ти ќе му ја свртиш главата. И толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оф, мајче, ќе викне, и ќе ја сврти главата настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не рече ништо, само ја сврте главата мрморејќи: - Е!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се гледавме еден со друг, очи в очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема ми ги стави дланките на образите и ми ја сврте главата кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На небесниот персонал од иконите сето тоа ќе му е мошне здодевно; но светците не ќе можат да ги свртат главите на друга страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Винстон ја сврте главата малку настрана за да го одбегне истражувањето на крупните темни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ја сврти главата и да види какви се, би било незамислива лудост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дине само еднаш подзапре, само еднаш ја сврте главата на друга страна од штицата, само тогаш кога почувствува дека зад него стои сосема непознат човек оти тој што беше зад него немаше никаква мисла во својата глава што можеше да биде непријатна, уште пред да се сврте знаеше дека човекот ужива како тој си ја обезбедува куќичката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка ништо не рече. Прибра сила, ја сврте главата задоволно, на другата страна од перницата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Би сакал да вечерам!“ му рече. „Повелете!“ рече келнерчето и пак ја сврте главата на друга страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седна на една маса скраја и го почека келнерот кој му пристапи на гостинот ставајќи ја десната нора на пречката од столицата пред него и левата рака на колкот на гостинот рамнодушно му рече: „Повелете!“ рече и ја сврте главата преку левото рамено гледајќи во гостите на масата на таа страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа ја исправи главата со погледот вперен право пред себе, издиша празнејќи ги градите од дното на стомакот, полека, бесчујно за самиот него, а потоа и понатаму сосема полека, ја сврте главата доведувајќи ја брадата над десното рамено; застана така и пак полека и нечујно вдишува, почнувајќи да ги полни градите од стомакот нагореи истовремено што пополека вртејќи ја главата во цел полукруг така што со тоа сега брадата ја пренесува над левото рамено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тропкањето со непознато потекло му ги отвори очите; ја сврте главата кон прозорецот и здогледа врапче како со клунчето кљовка во дрвената рамка и повремено, накривнувајќи си го главчето, фрла поглед преку стаклото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја сврте главата кон неа и се изненади: колку се нејзините рамења суви кога е наведната и колку не личи на својот грч ни на едната ни на другата Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој ја свртил главата и рекол, госпоѓо, јас Ве сакам повеќе од својот живот, но помалку од својата чест, станал и се пријавил во војска.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Заедно како по договор ги свртеа главите назад, погледнаа над ѕидот под мисериштето. Немаше никого.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зад нас слушнавме чекори и свртевме глави.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па нели ми рече дека примаат и едноноги?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште троа деца ни останаа живи... Господе, господе!...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Е, педја! Педја!26 Никој не сврте глава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во црвеник ни го изгореа селото, а на Свети Костадин и Елена почина татко, бог да го прости, кутриот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо го забави чекорот, сврте глава и глуво праша: - А што друго би очекувал ти од мене?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога веќе ги натоварив бурињата и ја потерав маската, нагоре, свртев глава кон гробиштата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Една од жените, свртена кон него со грб, фрли клетва: - И тие од оган да не куртулат и господ да даде очи мајчини да не видат...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот сврте глава, косо погледна во шоферот и просаска: - Ти многу знаеш...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ветрот сече, фрла лапавица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му се чини дека сите го гледаат него.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш свртев глава, ама ридот веќе не се гледаше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа ја сврте главата. Не сакаше да ги гледам нејзините солзи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А нашинчето ми рече: - Мајче, овој вели дека куциот пес ти е син, а не тој...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ја гаси цигарата, се навалува и погледот го заковува во подгниената таванска греда.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свиткани на четири, едниот крај пикнат во другиот и адреса. Само име на селото...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо сврте глава кон реката, каде што жените переа волна, и рече полека: - Ајде, Нумо, да си одиме зашто тука остана смрдеа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас свртев глава за да не гледам, ама тогаш го видов крстот на Ставре Попов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Примаат едноноги и еднооки, се само да можеш да пукаш...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свртев глава кон Васила и го прашав: - „Што ли е тоа таму?“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бевме многу, многу деца. Кога свртев глава за да видам колку е долга колоната видов како на ритчето, скраја од џалето, се собираа жени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Постоја уште малку и тргна напред, небаре оди никаде...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Војникот рече нешто, а потоа го повика војникот што зборуваше нашински.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо подзастана, полека сврте глава и рече: - Не мисли дека јас му се плашам на Високиот или треперам од страв да не одам пред воен суд или во лудница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И не стигна да се исуши солзата вдовичка зашто се расчу дека во Никулица, на Пречиста остана во снеговите на Биковик Ставре на Пандовци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Побрзо, побрзо, - вика Коста, држејќи ги нозете сплетени под своето седиште.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој забави чекор, сврте глава кон благунот и онемено се вслушна во појот. Одамна нема слушнато птичјо пеење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се силеше ништо да се дознае од изразот на неговото лице и од навлажените очи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Пандо сврте глава и потоа рече: - Тебе ли те викаат? - Мене, - рече Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога сега се отвори вратата, тој само ја сврте главата, виде дека доаѓа Бошко Манев и пак им се врати на своите мисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Другиот, напола во својот сребрен оклоп, повторно застана и ја сврти главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој ја сврти главата и ги затвори очите за миг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Полека ја свртев главата на десно, долж ѕидот, и го видов дон Хуан како седи потпрен на ѕидот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Погледнав во дон Хуан и кога ја свртев главата, забележав дека видното поле ми се сведе на кругот пред мене.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- И јас не знаев, па се научив!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да, ама таа е многу помала и ако не се лула ќе плаче, и поради тоа има право да се лула пред тебе, - рече Мони и ми ја сврти главата, - ама ако сакаш ела да си играме на мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не те прашуваат очите кај ќе ти ја свртат главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум ја свртела главата некаде, којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, тие ќе си ги свртат главите од кај мене и ќе застанат да ме чекаат. — Ајде, Небеска! — Идам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оливера се мачи да ја сврти главата, клоца со нозете, сака уште нешто да ми каже, ама не може.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ако сретнеме патрола, ти ќе ја свртиш главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше еден Јане Мажовски, гледа во труповите и само си зборува: Оној ја сврте главата, бог да го прости!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Како не ви е срам, голи жени гледате, а? - свика Анета, и божем тоа не ја интересира, ја сврти главата, ама кришум погледнуваше во сликите од списанието.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- ги мрдна рaменaтa, сврте глава настрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сврте глава. Од кај Вичо се нададоа бели облаци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Спушти поглед и сврте глава. Не сакаше мајка ѝ да види како ѝ навирија очите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓи сврте глава и забележа дека сите се свртени кон него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка сврте глава на спротивната страна и сега виде како отаде трапот - небото почна полека да се разведрува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа сврти глава и тогаш почувствува како трепери ноќниот воздух од далечните подмолни татнежи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Забрзај!!! - паѓа команда. Фимка за миг подзастана. Сврте глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сврте глава, гласно опцу. Викна: - Оставете ги да се доближат!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во еден миг почувствува бодење во колкот. Сврте глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И оди Фимка. И гласот упорно ја следи. Застана. Сврте глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Аргир сврте глава кон него, се загледа во неговите очи и со тон што мириса да кавга, рече: Ти, ами кој друг...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чолакот сврте глава кон оној со патериците и, покажувајќи со брадата на Фимка, рече: - Мора, кутрата, да си има голема болка, штом толку многу страда...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со двете шепи јa фатив за лице и оддеднаш и јa свртив главата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сврте глава. Помошникот со вбиена глава во ѕидот на бункерот, клекнат небаре се моли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се создаде некоја врева, зачкрипеа кочници, а кога се подисправив и ја свртев главата - занемев од ужас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Десно од мене беше Бошко, од моето село, ја сврте главата, не му беше мило, во вакви случаи често сум го правела истото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командирот нареди: Стојан, дај ѝ на Милка еден партизан за да не оди сама. Стојан ми викна: Земи кого сакаш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)