сврти (гл.) - пушка (имн.)

Ранетиот се возбуди. Клекна зад воденичкиот камен и ја сврте пушката кон вратата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Прав е Каменчо, се согласил Чучук-Андреј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеше да биде каков сака, оној, можеше да биде и еден од оние, што крадат, требаше само да ја сврти пушката кон она ѕвере, да ја насочи кон неговите ребра, или нишанејќи во нив, барем да го закачеше во задниот колк, сандакон сега ќе ни беше полн така што ќе да ги викневме нагости дури и сите оние волци надвор, и пак да остане за нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ајде, сега ти, што си бил во бој и со Италијанците и со Германците, што им ја сврте пушката на Еласовците и, како што велиш, стигна и до онаа голема и богата рамнина, како ја рече?... - Срем... - Е, Срем де...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ќе ги свртат пушките кон нас и нема да прашаат дали сме виновни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)