сврти (гл.) - работа (имн.)

Таа, разбудена од неговите вознемирени движења, се обиде да ја сврти работата на игра - го заскокотка по стомакот, а тој скокна од болка.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
-Овде, чесно речено, лежи просто лудак - соопштува тој со незадоволен тон - но лудак, знаете ли, со здив на гнилеж; сакам да кажам дека одеднаш не можеш да разбереш дали тој навистина е лудак, или е, што би се рекло, премногу „префриган“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чудно како се сврти работата!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од една страна, тој направи персонална завера против апсолутизмот и речиси десет години се подготвуваше за вооружен преврат, но, од друга страна, ја сврте работата така како и што му доликува на еден лудак. 70 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)