сврти (гл.) - десно (прил.)

Се сопна. Исчезнаа далечните спомени. Колоната сврте десно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа сврте десно и замина со тежок чекор, без да забележи веднаш дека оди во погрешен правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја шутна во сливникот, а потоа, за да ја одбегне толпата, сврте десно во една странична уличка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ништо. Свртеа десно и тргнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Свртев десно. Тесна уличка, скриена меѓу зградите, ме засолни мамејќи ми го погледот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Го знаеш пократкиот пат до утрото, само сврти десно од погледот па лево од паметот. Тука сме. Веднаш до знакот „не проаѓа“.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Оди ваму, оди; оди таму, оди; сврти лево, сврти; сврти десно, сврти; оууу, стој, застанува; врати назад, враќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Почетокот е забавен, си рече Едо. Дури и духовит, помисли, насмевнувајќи си се сам за себе и го исправи пред себе патот натаму после што сврте десно насочувајќи се кон широко распосланата двокатна, очигледно повеќе пати доградувана куќа со три балкони во низа долж целата фасада на куќата на Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога се свртив десно, погледот ми тргна над новиот ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сврти лево, сврти десно, едно сокаче, друго сокаче. Си стигнал дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Авионите свртија десно и, летајќи долж албанско-грчката граница, ги митралираа нашите караули.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со несудениот, полека си оделе и кога дошле до крстосница каде што таа требала да сврти десно за дома, а тој лево, му рекла: Со кој ум сте тргнале по мене, зар не ви е познато дека јас не одам никаде без мојот другар во џебот и го извадила пиштолот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Неодамна видов една картичка што ги определува координатите на сопственикот со три реда бројки: бројот на поштенскиот фах; телефонскиот број и E-mail адресата: John Miller 90210-5499 (212) 555 1212 100322, 9999 И додека во малите градови луѓето сè уште знаат каде живеете и можат да ве упатат ако барате некого (свртете десно зад амбарот...) основната конверзација денес се одвива околу начинот на кој се праќаат пораките од Compuserve, via Internet, до некој друг систем.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)