се (гл.) - прав (прид.)

Обуени во пленети германски или бугарски офицерски чизми, ама облечени и во скроени униформи, веднаш им се гледа каде се криви и каде се прави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Може Бугарите и се прави кога мислат оти Русија без Бугарија не може да саштествува, ни политички ни економски, но тоа е бугарска политика, а јас не сум намерен да политикантствувам бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)