седи (гл.) - покрај (предл.)

На спротивниот крај од собата, О'Брајан седеше покрај една работна маса со зелено засенчена ламба и со по еден куп хартија лево и десно од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што очекуваше, таа седеше покрај една маса на речиси истото место и повторно сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој седеше покрај ѕидот и молчеше, поттурнуван од нечистите тела, премногу обземен од страв и од болката во стомакот за да може да се заинтересира за своето опкружување, но сепак забележувајќи ја изненадувачката разлика во однесувањето меѓу партиските затвореници и другите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Баба Мара седеше покрај ќумбето завиткана во шал и ги гледаше: „Мајката и најмладото дете да останат тука со мене, а останатите да излезат.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нашиот семеен лекар го подгледнуваше повремено за да види дали е сè во ред. Тој имаше душевна мака.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Извесно време од денот го минував седејќи покрај него.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден млад човек, кој седеше покрај пијаното, рече: „Тоа го знаеме сите, но не знаеме како работите да се сменат, а да не тргнат на полошо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„За почеток,“ рече Клара, „мајките треба да престанат да ги советуваат своите ќерки да им се покоруваат на своите сопрузи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седиме покрај пламенот, ги грееме рацете и лицата, но ништо не помага. Постојано се тресеме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во долгите месечеви ноќи татко ми седи покрај својата макета и разговара со некои непознати луѓе, или со нивните сенки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Седеа и читаа весници, разговараа и слушаа некоја музика на радио, потоа седеа покрај каминот и гледаа во жарта додека часовникот отчукуваше десет и триесет, па единаесет, па единаесет и триесет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)