седи (гл.) - нејзин (прид.)

Кога излегувавме во паркот, таа ги учеше своите деца да играат некои детски игри, и самата таа играше со нив, играше со невидливото околу себе, со невидливото си подаваше топка, фрлаше камченца кон некаков круг, прескокнуваше и скокаше заедно со невидливото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За време на оброците во трпезаријата бараше од нас да не седнуваме на местата околу неа, затоа што таму треба да седат нејзините деца, и таа ги хранеше: заграбуваше од невидливата храна со невидливи лажици и потоа ја ставаше во невидливите усти, а ги караше оние кои одбиваа да јадат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Крај неа седеше нејзината маштеа, сува, малечка жена со ковчесто, жолто лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)