седи (гл.) - или (сврз.)

Оние што цереле со треви загнасени рани, косопас, очебол и секакви трески, веднаш знаеле од што е болен и молчеле отпрвин, и се пентареле по безживотен рид изморени од живот на кој не биле свикнати, и биле бришани од ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Лења просто сите многу му завидуваа, а тато воопшто сметаше дека, ако некој се занимава со парични операции, а всушност со ништо не тргува, дека таквиот човек треба да седи или зад решетките на банката, или зад решетките на затворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многу од нив со lunch-пакети, со конзерви уредно спакувани во кафеави хартиени вреќички, седат или стојат, го завршуваат својот lunch, остатоците уредно ги оставаат во кантите за отпадоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да бев такво лижигазе како тебе, ќе седев или ќе се врткав кај командантот на Прењес.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од силното потскокнување по нерамноста на тој пат-непат тркалата се заканувале да се распаднат, помеѓу колските ѕидови од сплеткани прачки невозможно било да се седи или да се лежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)