седне (гл.) - овде (прил.)

Покажа на еден стол крај него и рече: „Седи. Седни овде, Филозофе!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Јас што ти реков?... Почекај... Еве седни овде дури да си ја испијам чашава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И продолжи да му го кажува она што имаше намера да му го каже уште кога седнаа овде на шанкот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одненадеж чувствувам неодолива желба да седнам овде на улицата, како homeless да се завиткам во крпи, да се залепам за ѕид од некоја куќа, да се пикнам во некоја куќичка од картон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
СИМОН: Уште кога Ве видов од перонот и кога седнав овде со Вас и се напивме вотка, знаев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тој никогаш не ѝ се приближува на Кети, но кога јас ќе седнам овде, ми приоѓа, како сега, да ми мјаукне едно мало здраво, доаѓа и ме посетува, а јас зборувам со него, исто како што прави Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)