седнува (гл.) - и (сврз.)

Седнувам и си ја земам главата да плачам. Ама пак суво. Не можам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седнувам и слушам некои шепоти однадвор. Нејасно, како да ти кркорат цревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седнувам и земам еден билтен да читам, ама, не бре, умот ми оди само таму кај што боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Салонот на Панајотис. Велков седи сам. Се огледува во огледало. Пауза. Влегува Панајотис.) ПАНАЈОТИС: Господине Велков, простете што ве оставив да причекате. (Велков станува, се поздравуваат, повторно седнува. Седнува и Панајотис. Пауза. Тишина.) Повелете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа го подготвила мама, пред да замине на работа. Веднаш седнувам и залапувам...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
АНЃЕЛЕ: Ако е за тоа ќе седнам. (Седнува и сите освен Коте јадат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Олабавува појас, раскопчува шинел. Седнува и крши од погачата, мака во пекмезот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)