сее (гл.) - дожд (имн.)

Непробојна и тешка, таа лежи врз смранатите стреи и сее дожд и страв но не грми и не убива со громови туку е молчалив злсоторник; нејзината закана е во нејзиното влажно молчење а црните капки на нејзината тишина се во цевките на патролите и на врвовите на невидливите војнички штикови и во се што не е видливо и сепак е присутно во и вон од него, и не затоа што е пијан, и не заради присустното отсуство на двете Марии, заради нешто друго, заради едно враќање кон незаборавниот скалпел, кон животот!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)