сее (гл.) - страв (имн.)

- Бегајте! Бегајте! Бегајте! – грмеа зарипнатите викања на коњаниците кои безглаво и обезумени продолжуваа да го сејат стравот. И се растури и се посеа општ страв.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се прашувам зашто знам, а паметам и од моите детски години, дека тука и пошироко, од југот никогаш не дуваа добри, питоми, топли и добродушни ветрови, туку немирни, урагански, строги, магливи, безмилосни кои го замолчуваа гласот и зборот, сееја страв и ги развеваа и раздувуваа сите надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но Климент Камилски иронично надополни: Но, сепак, мој пријателе, во толкуте илјади зборови, се провлекле и катиљ катиљ пораки, кои некогаш сееле страв и трепет, а останале и натаму во нашите јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги надживеа своите протагонисти кои сееја страв и трепет на Балканот и во Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во полето и езерото го сее стравот, ужасот и катастрофата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)