сети (гл.) - во (предл.)

Нешто сакаа сите да навестат НОВИНА... ама никој не знаеше каква. Блажина сети во утробата Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сетив во мигот на татковото кажување дека „вистината постои, а лагата се измислува”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знаев дека е важно да се сетиш во што е вицот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тогаш, ненадејно, некој силно затропа на вратата...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зјапаше во папирусите, ги препрочитуваше зборовите што ги напишал, со надеж дека читајќи ги, повторно ќе го сети во себе истото чувство како додека ги пишувал. Залудно...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во него, со ракијата, се се мешаше, настани и времиња, луѓе, вчерашни и денешни, претпоставки, спомени што повремено се рагоруваат под затлеаното срце, потсетувајќи дека минатото е залог на животот. на се и на секого се сети во таа ноќ и праша: „Каде е сега попот?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Што да направи и со кого, за да се смири најпосле и блажина да сети во своето срце?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дедо Димо се сети во што може да биде работата, но не сакаше да се распрашува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јана многу порано од мене се имаше „заразено” со кошарката и жестоко тренираше, а бидејќи од неодамна тој спорт и мене ми влезе под кожа, имав желба да си ги испробам силите со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од кога не сум ја видела Јана! – се сетив во истиот миг – би било добро да ја викнам да одиграме една партија кошарка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега, во овој миг, се колнам дека ќе ги убијам сите лоши чувства што ги сетив во оваа година.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И еднаш тој можеше многу добро да го сети во своите прсти здивот на тоа живинче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја понесе од тоа само леснината на трезноста, од која чекорот му стануваше поцврст, а задоволството со себе заминат и од целата таа утрина сега можеше да му узрее во радосна насмевка, што ја сети во своите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, додека стоеше пак на прозорецот, загледан во веќе речиси зарамнетата дира на оние, што заминаа, на Змејко пак му се стори како да го виде тоа зачекорено човече, поклапушено од високата јака на кожниот ќурк и пак ја сети во себе желбата нему дури и да му намавне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку што можев да се сетам во некои куќи живееја, се гонеа ноќе и се плодеа секакви мачки но сосем црна не беше ниедна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На сè уште неизбледениот венец од пластични цвеќиња, на една долга лента под која стоеше фотографијата ( се сетив во тој миг дека насликаната жена се викаше Света Марија Девица) во стаклена кутија, пишуваше: „Вечен спомен на баба ми: Чавка и домците“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повторно го одложував мојот одговор на мајкиното последно писмо, се сетив во мигот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислите ми прелетаа кон мојата Мајка, на другиот брег на морето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само она што ќе го сетиш во раката само тоа е твое“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја сети во утробата ѝ света! И се згрчиле небото и земјата...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)