сети (гл.) - за (предл.)

Уште од вратата ги фати чадот од борината и боровите дрва и почнаа да си ги бришат очите, небарем се сетија за сите свои блиски и далечни покојници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сети за порачката на Никола, го зеде зимбилот и рече: - Варди го Ѓорѓи! Јас ќе одам в бавча!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Цепенко се стресе. Се сети за пристигањето на Бахтијар-паша во Прилеп и пак му минаа низ умот зборовите на војводата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Диме се зачуди. Наеднаш не можеше да се сети за синоќешната случка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дури тогаш се сетив за нејзиното липање во чекалницата кај Подувкина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетив за светецот што боде со три запци чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рече: „Човек или гробник, она во што ќе се закопаат овие нокти. Некој ја следи дружината, ве пали.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не погледнал во нејасното лице на долгманестиот Борис Калпак. - Што е, ти пречи ако поспијам? - Ами, зошто?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетив за пушката. Ти знаеш, нишанџија сум, не сум вчерашен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Вујче? - Виктор ме погледна изненаден. - Ах, Вујкото! - (Со каква леснотија мојот постар брат одбива да се сети за кого зборувам!).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)