сети (гл.) - или (сврз.)

Воопшто не си во состојба да направиш напор на нешто да се сетиш или нешто да смислиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ти лебдиш и немаш на што да се потпреш за да потиснеш било назад да се сетиш или нанапред да смислиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се сети -дали се сети или сето време мислеше на тоа - не знаеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Па да, и јас така нешто мислев, - вели бездарникот, па утот бесрамно си го става црното прсте на излупеното чело (таа проклета коса), - ете, сега, никако не може да си спомни, заколете го - не може да се сети или ако си спомни тоа е нешто што воопшто не го мислел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Петре Даскалот седна на прагот од вратата. Сакаше како што подоцна сфативме, Јоле да го сети или барем да се сети на нас и на тоа каде е и што е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)