сече (гл.) - месо (имн.)

Симон Наконтик, в темница уште повретенест, стоел над него, веќе чекал да биде повикан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде на самиот крај од патувањето орелот толку се изморува и изгладнува, што момчето му сече месо од своите дланки и го храни со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали Турците или некои други комити што биле против овие. „Ајде, јади, од својот отров, му велеле, од својот зер труј се“ , му велеле и му сечеле меса од рацете, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А за тоа, за да бидат српските војници толку погани со жителите на Потковицата, имаа посебни и нерасчитени сметки уште од времето кога српските четници, оние на војводите Јован Бабунски и на Вангела Скопјанчето токму овдека, во Потковицата, беа претепани и понижени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)