сече (гл.) - и (сврз.)

Студот сечеше и затоа морав да брзам и, во една ваква брзаница, застанав пред една кафеана, која по името „Балкангрил“ ми откриваше дека ја држи некој мој сонародник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Захаријадис го сече и не му дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш прв пат почнав да се сечам и бодам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сеќавам, јас како дете бев многу фрустриран.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дека премногу доцна ми текнало?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Свекрва ми седеше на едно столче до масата на којашто сечев и ми кажуваше што да правам, а Маци ѝ седеше во скут и мрдаше со носот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Слабинава боцкаво ме сечеше и бараше починка и длабоко воздвнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Или на оној што го заклаа овдека. Јон ми кажа како го сечеле и пак му оставале малку живот. За да се мачи, за да го боли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас продолжувам да си сечам. Сечам и редам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си сечат и ножот, меѓу кандилата, само светка ко мразурец на месечина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)