сеќава (гл.) - за (предл.)

Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Преку името се сеќаваме за секој човек одделно".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби и се сеќавале за неарни мисли, зашто грев е и грешно да мислиш... Ех, душа човечка, низ какви сè темни вилаети поминува! ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Си биле еден цар и една царица и имале триесет и деветмина синови, а најмалиот бил најумен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сеќаваш, Герасим од Побожјане ни раскажа чудна прикаска.“ Се сеќавав за она што ми го рече Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се сеќавам за причината, но изгледа разумно постапив кога решив да оставам да поминат повеќе денови пред да оценам дали ќе треба лично да се зафатам со решавањето на положбата во која се најдов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уследи она што требаше да го сторам уште во првиот момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но не поминува многу време, тој пак се сеќава за колачињата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ЛУКОВ: Вие секако многу добро се сеќавате за неговиот лик, неговиот од, воопшто за...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)