си (гл.) - мал (прид.)

Поаѓаш без да се свртиш додека срцето ми се стега – толку си мал и ранлив, а толку решителен во одот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тревата е твојот невидлив дух околу, а ти си малото камче.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Јас треба да учам. А ти си мал и не одиш на школо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ти си паметно момче, - ми рече, - ама, сепак си мал за да можеш сѐ да сфатиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)