скине (гл.) - глава (имн.)

Ќе ми се врати и мене ќе ми ја скине главата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако ти мене ми украдеш дури и еден ваш денар што го велите, мој рајт е да ти ја скинам главата, да те асасинам на самиот спот каде што сум те кечал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поминаа неколку моменти во кои Сновалката имаше доволно време дури и да ми ја скине главата во случај да имаше и да се служеше и со такви средства.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Куче едно, ќе му ја скинав главата да видеше тој кој е кир Ристаќи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)