скита (гл.) - по (предл.)

Разговорот им секна. Молчат. Погледот им скита по дрвјето, по парталите од облаци што високо бродат над боровите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговиот поглед скита по бавчата и запира врз булката на половина метар од него – не во букет, црвени како во градината, туку издвоен, само еден лилав цвет на афионот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа навикнатост на, инаку, откачените податоци можеби доаѓа и поради брзината на патувањето: во секој град и гратче каде што запирам на патот од Lake District до Јужен Велс, менувајќи над десетина хотелски кревети, има барем по еден стар замок, катедрала, неколку палати и барем пет чудникави приказни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајка му, питома жена, ме чуваше како да сум ѝ син; од кај неа одевме во град или скитавме по блиската пруга во предградието и мечтаевме за жени, пари и патувања.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се сонуваше како еден од тие волци, скиташе по снежната шума и се задржуваше на секоја повисока тумба, ја исправаше главата кон ѕвездите и завиваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Син ми го барам. Скита по сокаците, мајчиниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така Церјан долги години скитал по светот со едно уво и умрел некаде во Бугарија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кажани ли беа оние зборови или не? Да или не?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ме фаќа подрака и ние долго скитаме по ридот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Така и беше: како што растеше, така сѐ повеќе дома не се прибираше: скиташе по околните места, брда и планини.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)