склопи (гл.) - рака (имн.)

„Сонувам...“ промрморе другиот. „Сигурно сонувам... халуцинирам... морам да се разбудам...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старецот молкум отиде до столчето, седна со тешко крцкање на коските, ги склопи рацете во скутот и го погледна некако таговно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Момето отпрво си постоја среде црквата, потоа се допре до ѕидот, се загледа нагоре, и не се помрдна веќе: земјата незабележливо ја поткреваше нагоре и среде неосквернатата свеченост и мир ја наведна главата врз светецот на ѕидот, и ги склопи рацете на молитва и се насмевна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)