скрие (гл.) - глава (имн.)

Замре првиот ешалон, викаат ранетите, здравите исполегнаа, со лопатките копаат толку длабоко, колку за да скријат глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
4. Првата следна среда отидете до градината на кафеаната која е најблизу до главниот храм во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, каде што се наоѓа кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Кејтен, Кејтенов сине, - го довикував ли, се молев ли, ја скрив главата под клупа за да не видам, за да не верувам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во неа секоја вечер се стуткува за да ја скрие главата и да преноќи. Каде патува тој?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не му се јавив. Ја скрив главата под покривката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 12 Во првиот напад - велеше - најважно е противникот што повеќе да прокрвари, да претрча што помал простор, а да не заземе ништо што има важно значење - ниту камен, ниту грмушка, ниту карпа, ниту дрво зад кое би можел да скрие глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)