скрие (гл.) - лице (имн.)

- Оној што ме бркаше пролетва се јави претпладне - тврдеше Јана - одвај успеав да си го скријам лицето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не тато, не сум, - реков, иако не знам што сѐ би дала сега веднаш да можев да се покријам под јорганот, таму да го скријам лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа чичко Тони ја одведе Ане до патеката на дворот и таму ја фрли на тротоарот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ане пискаше и се обидуваше да си го скрие лицето, но само си го мачкаше со кал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Често ги затвораше локалите и на семафорите запираше на црвено, отворајќи го утрешниот весник колку да си го скрие лицето од сообраќаецот, па одвај го чекаше зеленото светло за да ја спрашти пред овој да го натера да дува во балон и да го озелени како мувла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ме бркаше мајскиот бумбар си го скрив лицето во желбата на саканиот... рецитираше таа, додека Зрновски внимателно ја разгледуваше левата дланка, како да го бара таму поарчениот дел од линијата на животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)