скрши (гл.) - глава (имн.)

Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама нема шо да права сега, кога сама си а скрши главата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ќе те земе, ќе скрши глава негде, и ти со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Борејќи се за неа, во една битка меѓу децата од двете маала, му ја скршил главата на Сулејман, синот на Осман бег.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но, татко му сакал тој да го замени и да ја наследи меаната, та и не сакал да чуе неговиот син да го продолжи образованието.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во главата стои твојата гордост, ако ја скршиш главата, гордоста ја нема, тебе те нема, светот го нема, ништо нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Сакате ли да ви ја скршам главата?“ праша напнувајќи го 'рбетот како бамбусов лак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- На пример, она за велосипедите, неизоставно треба да го скокнеш – рече тој – измисли некоја друга причина зошто сте се задржале во грмушките толку долго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разбира дека ме прекори, ме искара што сум била толку невнимателна и толку непромислена да отидам во третиот дел од паркот, и тоа доцна попладне, ми се закани дека своерачно ќе ми ја скрши главата ако тоа уште еднаш ми се повтори и ме посоветува, онака братски, малку да ја видоизменам приказната попладне, кога на состанокот ќе им ја раскажувам на нашите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А деновиве, јас видов како си ја скрши главата една велосипедистка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овде ќе скршиме глава, си мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Маруш олцкаше до ковчегот од Висар и сакаше да ја скрши главата од неговите рабови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Мал бев, сега сум млад.“ „Болен си“, отстапи жената. „Кога лежеше не сонуваше крв.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сеедно, некој веќе ќе му ја скрши главата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немајќи каде да се скраси во целиот град, немајќи каде да се најде на родниот папок, немајќи каде да скрши глава во белиот свет, Баге бега во селото на дедо му.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не знам кај скршило глава, велам, уште од вчера го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и Бошко скрши глава. Бити, битиса и Бошко од Сувогрло. Не му издржа срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)