скрши (гл.) - и (сврз.)

Се плашам да ги отворам очите, зошто не ќе те видам, Се плашам да пуштам солза, зошто потоа не ќе ја сопрам, Кревка од болка се виткам пред ветрот во денот, Се плашам ќе ме скрши и снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Со тој ум, со таа тврдоглава глава, денеска ја раскрвави раката, утре ќе си ја скршиш и главата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Џорџ кркореше со некој кркот што не кажуваше ништо разговетно, а Жабе пак дури и се наведна и зеде од земја едно паднато праче, го скрши и, пак, бесцелно го фрли настрана.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од малото сопче на источната страна од куќата, бидејќи стаклото од прозорецот беше се скршило и бидејќи таа соба не ја употребував ни јас сега, ниту ја употребувавме при поранешните доаѓања со Агна, слушав црцорење на ластовички.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа молела да не бара такво нешто од неа. Тогаш тој рекол дека ќе бара нешто друго; пробал да ја прегрне, но тогаш некој лудак фрлил камен врз џипот, нешто се скршило и тие избегале. Ѝ реков дека тој лудак бев јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кредата во раката на учителот се скрши и падна на подот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На еден бабинец и заб му скрши и тој забот си го плукна в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)