скршнува (гл.) - во (предл.)

Некои, кои не држеа многу до постот, скршнуваа во водата и јајца, за секого од домаќинството по едно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поривите скршнуваат во непознат правец.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И Арсо скршнува во другиот сокак. Тој сокак не оди на крчма туку на друго место. Таму живее учителот. Со него останува повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ветерот во едрата некогаш е тивок и нечуен, а некогаш толку силен што кормилото на животот скршнува во непознат правец, судбината со своите опструкции те предизвикува да играш по нејзини правила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
МАТЕЈА МАТЕВСКИ ЈА ЦРТА УЛИЦАТА НА СТАРИОТ ЦВЕЌАР ВО ИСТАНБУЛ На едно ливче хартија позајмено од келнерот во кафулето Аквариус во Охрид поетот Матеја Матевски ја црта улицата Истерлик во Истанбул која од Таксим води кон Галата Сарај и од која, еве тука некаде, под лицејот, се скршнува во Улицата на стариот цвеќар.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)