следи (гл.) - ја (зам.)

Ние веќе сме на нашето одредиште. Следи ја ситуацијата и јавувај. Толку.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали видот се развил следејќи ја така изнијансираната мимика, или е изграден со фаќањето за гранките што е работа која не изискува ни мирис ни слух, туку токму вид?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За момент - и следејќи ја логиката на јавен собир и потребата од понепосредна „легитимизација“, но пред сѐ држејќи се до „трамбулинскиот начин на мислење“ кадешто секоја претходна мисла се одбива од претходната според принципот на трамбулина, „настојувајќи да биде во ортогонална проекција во однос на претходната мисла“ - дополнително ќе се „идентифицирам“ како уредник на списанието за ширење на децентралистичка култура (и за сурфирање по рабови), Маргина, и како човек од списанието за стрип, Лифт.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На далеку преку море...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Следете ја неговата визија и ќе знаете зошто постоите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Смеата, на крајот на краиштата, е совршената форма, идеална реализација на модерната, со што се потврдува интуицијата на Бодлер, според која модерната естетика на пренесеното чувство прераснува во психологија, и дури, следејќи ја формулата на Ниче, во една „физиологија” на нервите, на здивот, на мускулите - што сè произлегува од смеата. превод: Ана Пејова Jean-Yves Jouannais - LE SIECLE MYCHKINE OU L’IDIOTIE EN ART (Art Press 216) 32 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Следи ја татковата мудрост! Ја следев со внимание, таа продолжуваше да ми ги кажува пораките, кои како да беа татковите: Ние сине опстанавме како семејство на кое не му се смислува историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)