следи (гл.) - тек (имн.)

Но поради гласот од телекранот што му ги напаѓаше ушите, не можеше да го следи текот на мислата понатаму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние верно го следиме текот на светската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Би било погрешно, како и во случајот на секое друго сериозно дело, да се оди по трагите на можните значења, туку треба да се следи текот на самата приказна, од која се формираат тие значења, често противречни како и самата таа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие со посебно внимание го следеле текот на заседанието, посебно говорите на македонските и југословенските политички лидери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Непосредно по завршувањето на заседанието, мајорот Милер своите импресии ги доставил до Меклин, а овој ги препратил до Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметаше дека е добро човек да го следи текот на историјата, но самиот го правеше спротивното.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга не се задлабочи во татковата мисла, па неговиот коментар повеќе го следеше текот на сопствената мисла: – Лавот никогаш не напаѓа лав, или тигарот тигар...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Историјата не простува ако умно не ѝ го следиш текот, ниту пред неа, ниту за неа, туку токму со неа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)