следи (гл.) - со (предл.)

Тука Пискулиев најпосле се извести дека има едно создание што го следи со љубов, а тоа е неговата хазјајка, ќерка му на дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Единствено ускладеност на психичката сексуалност и сексуалниот однос следен со оргазам укажува на зрела психичка организација и прилагодливост на објектните инвестиции, кои периодично се движат, меѓу конструкцијата преку сонот и деконструкцијата преку оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прв пат А.А. ме следеше со мирен израз на лицето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука, следени со инструменталните арлаукања на оркестарот „Критериум“ и неговите три пејачки, кои како митски магбетовски наречници завиваа околу нас, ги жртвувавме последните денови на нашата младост, положена на олтарот на нашето безумие.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кратките стрели можат да се следат со око.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во ресторанот којшто, како што реков, ми е добро познат од ручеците со Моне, додека си буричкам по усната празнина со големата голтка „кока кола“, си го следам со „ммм“ рефренот на „Knocking on the heaven door“ од џубоксот. Можеби, и нешто си мислам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа го следи со очи белиот авион што веќе исчезнуваше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаења; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го приткријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд, наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, со повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Доаѓа шумарот“ - си помисли, па почна, тргнувајќи од својата колиба, да го следи со очите патот што лазеше преку Гогов Валог и преку Рамни Ливади и што под Дуковските колиби завива по реката кон селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Удирав со копачката по тврдата земја и ги следев со поглед сенките.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Акционистите беа следени со цели редици уметници што ги загрозуваа сопствените тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во последниот перформанс, Zereissprobe од 1970, тој симболички и стварно реализира одреден степен на автосекција, односно она што Хуберт Клоцкер соодветно го нарекол ‘психо- археолошки егзистенцијализам’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја следиме со внукот посмртната поворка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Високиот се сврте и му даде знак на шоферот да го следи со џипот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕвездите една по друга се гасеа, читаше тажно Чанга. Козарите следеа со насолзени очи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)