следи (гл.) - веќе (прил.)

Дишан темелно ги разработил реди-маде, и самото негово творење за него претставуваше еден вид рандеву: ...планирањето на моментот што доаѓа (тој и тој ден, датум, момент) за да се внесе нов реди-маде. 1916 година, тој напишал серија од четири разгледници, во кои ја следеше веќе постојаната синтакса, но, сепак ги измени зборовите, така што резултат на сето тоа беа реченици кои немаа никакво значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Осамениот волк што ги следел пред тоа, доколку тоа не бил отфрлен пес со глас на ѕвер, презафатен со изобилие на мрши и оставени дробови и коски, со тоа дотогаш невидено богатство, не ги следел веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна се знаело дека бегале од чумата, од тоа вековно страшило на човештвото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)