слече (гл.) - палто (имн.)

Пред да отвори, го слече палтото и седна на лединката.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Доне го слече палтото и ја распара поставата. Однатре испадна бело тенко платно, на кое беше напишано писмото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Па, кога попладнето дојдоа дома, уште не го ни слече палтото, тој се поткачи на едно столче и – чуп! – седна врз масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Миклош си го слече палтото, го стутка, и почна со него да го нагрнува робот, како да беше не знам колку студено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Житото скоро ќе биде зрело. Треба да размислиме кога да почне „жетвата“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)