слива (гл.) - во (предл.)

Речиси нема место кое не е поврзано со пат а сите тие се сливаат во главната магистрала која води или за Брисел или за Лиеж.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Софија денес има педесеттина илјади автомобили и уште десеттина илјади други кои секојдневно се сливаат во нејзините улици од другите градови или од странство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вревата не стивнува. Звуците се леат, се сливаат во страсна, разбранета мелодија, која ја заплискува, полни и преполнува салата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)