случи (гл.) - пред (предл.)

Конструирањето на авионите датираше од време долго пред нејзиното раѓање, но пренасочувањето на војната се случи пред само четири години, значи кога таа веќе била возрасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Авни забрзано возеше кон Драчево, длабоко доживувајќи го, кој знае по кој пат, она што се случи пред десетина дена: смртта на Стерјо, брат на неговата љубовница Сања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сѐ се случи пред мои очи. Верувајте. Гледав што се случува, но не верував во виденото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се случил пред повеќе години во Сарајаново, отаде сниската гола планина на исток.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се случи пред жителите да ги наточат срповите...“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А и како да замине?! Сето ова што се случи пред малку, нема да ја остави на спокојство. Ќе ја преследува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бев само вдчудовиден а притоа сметав дека вчудовидувањето не можеше да биде протолкувано на моја штета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За среќа ова се случуваше пред мене па јас не морав да се свртувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Згора на сѐ, тоа се случуваше пред нашите зачудени очи, речиси секој ден.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Настанот од приказнава се случил пред пет векови. Во Илјада и не знам која година.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Според него, ова требаше да се случи пред да биде запрен патот на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше песна што се случуваше пред очите на Томче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Не ти реков ништо. Првпат ми се случи пред околу четири ноќи.“ „Што?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)