случува (гл.) - тогаш (прил.)

Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да мисли за сѐ што се случуваше тогаш. И за најмалите, ситните работи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ништо што се случуваше во светот на уметноста не можеше да се провлече покрај Дејвид, кој, благодарејќи на таа особина, ми прераскажа се што се случуваше тогаш. До најситни детали.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)