случува (гл.) - да (сврз.)

Бидејќи Костадиновска извесно време работи на позиција на која има одличен увид во приходите на фирмата, таа истакнува дека, во почетокот, фирмата имаше големи приходи и потенцира дека „многу пари влегуваа во претпријатието“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, како што одминува времето работите почнуваат да се влошуваат...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се случуваше да потпевне и песна која прострујуваше во старата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите знаеја што значи тоа, секогаш ја прифаќаа таа борба, помагаа со што можеа и сѐ почесто се случуваше да заминат нови групи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше еден мазен црн одблесок по сите делови каде што беше бронирана и беше толку прецизно изработена, што на Змејка често му се случуваше да не може да си го оддели окото од неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така, се случуваше да остават еден голем камен до кацата и јас ќе се качев на него бидејќи не можев да достигнам и ќе ги наполнев џебовите со сирење и ќе им дадев на моите браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Признавам дека и јас сум од таквите: по неколкупати на ден ќе скинам од зелените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Од мојот бостан, вели, иако знам како дише секоја лубеница, се случува да скинам и понекоја зелена“. И ете, како Кусакатскиот и сите ние.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многупати се случува да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уште во тие први денови се случуваше да ѝ приговори: „Пушти ме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ни се случуваше да ни изгрее сонцето под италијанската војска, а да ни зајде под Грците. А ние, ни ваму ни таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)