слуша (гл.) - свиркање (имн.)

После подолга пауза од под прозорците се слуша свиркање со уста давање знак, а потоа чукање со камчиња по прозорците).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Откај брегот слушаме свиркање и мавтање со раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од сите страни се слуша свиркање, дуваат стражарите, пиштат празните ходници. И оданде, и одавде, од секаде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со пушките во рацете, двајца партизани се упатија откаде што се слушаше свиркањето од косот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)