слуша (гл.) - ангелски (прид.)

Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто скакулците ги јаделе и не ги дојадувале, и ги оставале да живеат со малку месо на коските и непрекинато да ја слушаат ангелската труба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)