слуша (гл.) - друг (прид.)

Ги гледам нив, а ги слушам другите и нивните коментари: „Одвратно! Па тука ли, бре, пред сите! Како не им е срам!?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа, некако преку ноќ, почнаа да се слушаат други приказни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Крај масата каде што пишуваше повикуваше само по еден за да не слушаат другите што му пишува и што мака има - зашто често се случуваше тие што чекаа се тужеа меѓу себе, се расправаа за разни работи, па и на едните им пишуваше дека се во право, и на другите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вообичаено не ги слушам другите луѓе што мислат за поединец, додека самата не го прочитам човекот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Умреница Стојам и чекам стрпливо, ги слушам другите кои, откако ќе дојдат на ред, стануваат свесни дека комплетно неподготвени дошле во Матична служба да бараат уверение, а не знаат, на пример, ни моминско презиме на покојната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги слушам другите – сите имаат право. Правам и тоа што не се бара од мене. Јас сум својот џелат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Додека ги слушав другите како разговараат, неколкупати минав со раката преку џебот од мојот фустан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)