слуша (гл.) - тивко (прил.)

По десетина минути на вратата се слуша тивко, нерешително чукање.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Откај црквата се слуша тивко удирање на камбаната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од нивните глави се слушаше тивко, одвај чујно ѕунење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Океан. Брод. Се слуша тивко аргентинско танго.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)